ВИДЕО: Тепачка на прес конференцијата прес боксерскиот спектакл во Лас Вегас

Американецот Калеб Плант со завој на десната јаболчница/Калифорнија, САД/21 септември 2021/Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Боксерскиот меч за титулата помеѓу Мексиканецот Саул Канело Алварез и Американецот Калеб Плант, кој е планиран за почетокот на ноември во Лас Вегас, имаше крвава увертира на заедничка прес-конференција.

Канело најпрво силно го турна Калеб откако си разменија грди зборови, а Американецот тогаш се обиде да го удри Мексиканецот и настана тепачка.

Калеб се здоби со расекотина под десното око, но тврди дека тоа било од неговите очила.

– Тоа е само од очилата за сонце што ги имав. Не знам како се случи, само ми го изгреба образот – рече Плант.

Алварез и Плант ќе се борат во Лас Вегас на 6 ноември 2021 година за титулата ИБФ во супер средна категорија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Saul Alvarez (@canelo)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот