ВИДЕО: Тенискиот „бомбардер“ кој го одигра најдолгиот меч во историјата заминува во пензија

фото: EPA-EFE/David Guzman

Американецот Џон Изнер (38), кој го одигра најдолгиот тениски меч до сега на „Вимблдон“ во 2010 година, изјави дека ќе се повлече од професионалниот тенис откако ќе настапи на овогодинешниот „УС Опен“.

Пред 13 години на „Вимблдон“, Изнер го победи Французинот Никола Мау со 6:4, 3:6, 6:7 (9), 7:6 (3), 70:68 во 11-часовен епски меч кој траеше три дена.

– По повеќе од 17 години на АТП турнирите, време е да се збогувам со професионалниот тенис. УС Опен ќе биде мојот последен турнир – напиша Изнер на Инстаграм.

Беше четвртфиналист на „УС Опен“ во 2011 и 2018 година. Тој е најдобриот сервер на сите времиња на АТП турнејата со 14,411 асови и беше најдобро рангиран Американец девет последователни години од 2012 до 2020 година, завршувајќи ја сезоната во топ 20 во АТП првите 10 години, од 2010 до 2019 година.

Тој освои 16 АТП титули во сингл и осум во двојки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот