Фото: Screenshot/X

ВИДЕО | Taткото на Верстапен доживеа несреќа на рели трка, автомобилот беше уништен

Таткото на четирикратниот светски шампион во Формула 1, Макс Верстапен, доживеа сериозна несреќа за време на рели во Белгија. Јос Верстапен во неделата настапуваше на „Рели Валнија“ каде во еден момент со неконтролирана брзина удри во дрво.

Автомобилот претрпе значителни оштетувања, а снимките од местото на несреќата покажуваат дека предниот дел е целосно уништен. Сепак, и покрај драматичните сцени, 54-годишниот Верстапен и неговиот совозач поминале без повреди.

Организаторите набрзо потврдија дека екипажот е во добра состојба, но дека возилото е целосно неупотребливо, поради што Верстапен беше принуден да се повлече уште по првата брзинска етапа во Лојерс.

Ова не е прв ваков инцидент за Верстапен, минатата година тој имаше незгода на рели во Шведска, кога преголема брзина во свиок го однесе надвор од патеката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот