ВИДЕО | Тајзи со нова песна и спот по повод големиот празник Илинден: Слушнете ја „Парадокс“

Тајзи
Фото: Promo

По повод големиот македонски национален и православен празник, Илинден, нашиот познат пејач – рапер Драган Величковски, попознат под сценското име Tyzee (Тајзи) ги почести своите фанови со нова песна и спот.

Спотот е дело на режисерот Даниел Јовевски, а сниман е на Мечкин Камен, Македониумот, Галеријата на Никола Мартиновски во Крушево и во Музејот на македонска борба во Скопје.

Во видеото за песната „Парадокс“, покрај Тајзи се појавува и моделот Андријана Илиевска, во креации на нашиот познат дизајнер Златко Јовановски – ЈЗЈ, покрај традиционалните народни носии кои се совршено стилизирани.

Како автори на музиката се потпишуваат Лазар Цветковски, Тајзи и Кристијан Николов, аранжманот на Цветковски и Сајов, а автор на текстот е самиот Тајзи преку кој го отсликува парадоксот на времето во кое живееме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот