ВИДЕО: „Суперкласико“ приреди „гол-шоу“ со два црвени картони!

Фото: EPA-EFE/Marcelo Endelli/POOL

„Суперкласико“ никогаш не разочарува, а овојпат Бока јуниорс и Ривер плата подготвија спектакл со четири гола (2:2) и два црвени картони.

Двете екипи се сретнаа во четвртото коло од Купот на Диего Марадона, а по натпреварот го делат првото место на табелата во групата „А“ со по осум бодови.

Поведе Бока со погодокот на Абила во 10 минута, потоа Ривер израмни преку Гироти, а само 180 секунди подоцна и дојде во водство со голот на Боре. Се чинеше дека Ривер ќе дојде до победата, бидејќи покрај минималната предност, имаше и играч повеќе поради исклучувањето на Кампузано во 58 минута, но дербито не може без возбудувања.

Перез го доби и вториот жолт картон на мечот, силите на теренот повторно беа израмнети. Конечниот епилог беше поставен во 86 минута откако Карлос Тевез му асистираше на Вила.

Двата тима сега ги очекуваат предизвици на „Копа Либертадорес“, веќе в среда, Бока во првото полуфинале ќе игра против Сантош, додека Ривер ќе ги одмери силите со Палмеираш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот