ВИДЕО: Стојоски со прво место и нов државен рекорд на 100 метри во Црна Гора

стојоски
Ново високо достигнување на нашиот атлетичар Јован Стојоски/Фото: Атлетска федерација на Македонија

На 26 меѓународниот Митинг во Бар, Црна Гора, македонскиот атлетичар Јован Стојоски забележа одлиечн резултат.

Не само што го освои првото место, туку и постави нов национален рекорд во дисциплината 100 метри. Неговиот резултат е 10,59 секунди.

Стојоски исто така трчаше на трката на 400 метри каде со време 46,99 секунди беше првопласиран.

Освен од Македонија и домаќинот Црна Гора, на овој Митинг имаше и натпреварувачи од Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија, Исланд и Унгарија.

Токму Стојоски е носител на многу државни рекорди, досега вкупно седум, лани имаше национален рекорд на 200 метри, годинава на 400 метри во сала…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот