Стенли Тучи - Фото: Инстаграм/fallontonightbts

ВИДЕО | Стенли Тучи сè уште го чува споменот од починатата сопруга Кејт — фотографија на која таа е со неговата сегашна партнерка

Холивудскиот актер Стенли Тучи (65) сподели неверојатен детал од својот приватен живот кој сведочи за чудните патишта на судбината. Тој откри дека поседува фотографија од премиерата на филмот „Ѓаволот носи Прада“ во 2006 година, на која се гледа како неговата тогашна сопруга Кејт се запознава со Фелисити Блант, жената која години подоцна ќе му стане втора сопруга, пишува „Дејли мејл“.

Кејт почина трагично во 2009 година од рак на дојка, само три години по таа средба. Актерот се присети дека неговата прва сопруга веќе била болна за време на снимањето на легендарниот филм. Судбината повторно го спои со Фелисити, која е сестра на неговата колешка Емили Блант, на нејзината венчавка со Џон Красински четири години по смртта на Кејт.

Тучи во интервјуто зборуваше и за сопствената траума кога во 2017 година му беше дијагностициран рак на јазикот. Тој го опиша третманот како „психолошки трауматизирачки“, бидејќи го потсетувал на страдањата на неговата прва сопруга.

„Не можев да одам, не можев ништо да правам сам. Фелисити мораше да се грижи за нашето тригодишно дете додека беше пред породување. Таа се породи во истата болница каде што јас се лекував“, открива Стенли.

Неговата сопруга Фелисити исто така се присети на тој тежок период, истакнувајќи дека било застрашувачки да се гледа како Стенли го губи сетилото за вкус и мора да се храни преку цевка, со оглед на тоа што и двајцата се големи гурмани. Денес, Стенли Тучи е целосно излекуван и ужива во семејниот живот со своите пет деца (три од првиот брак и две со Фелисити), но признава дека тагата по Кејт никогаш целосно не исчезнала.

„Тешко е и по толку години, но таа никогаш не би сакала да се удавиме во таа тага и да дозволиме таа да ни ги преземе животите“, заклучува актерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот