ВИДЕО – Стен Вавринка го воспитува Холгер Руне: Не однесувај се како бебе
Младиот Данец го совлада ветеранот на Мастерсот во Париз, а Стен потоа му даде совет да не се однесува како бебе, изнервиран од она што тинејџерот го правеше на теренот
Холгер Рунe спаси три меч-топки и го победи Стен Вавринка (4-6, 7-5, 7-6) на парискиот Мастерс, но трикратниот грен-слем победник од Швајцарија имаше неколку зборови на прекор за Данецот по мечот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Вавринка не беше задоволен од лудорите на 19-годишниот играч за време на натпреварот и му рече за време на ракувањето по натпреварот:
– Мојот совет до тебе е да престанеш да се однесуваш како бебе на теренот – му „шепна“ ветеранот на тинејџерот.
Во текот на целиот натпревар, тинејџерот се храбреше со викање, а Вавринка очигледно не беше среќен и реши да го прекори при ракувањето на крајот на мечот.
Wawrinka to Rune: ‘my advice to you is that you stop acting like a baby, on court’ ? pic.twitter.com/sKnFRBq1l7
— Olly ??? (@Olly_Tennis_) November 1, 2022
Не е првпат Руне да привлекува внимание од погрешни причини оваа сезона, бидејќи на САД опен го обвини Камерон Нори за неспортски дух.
На Ролан Гарос Данецот тврдеше дека Каспер Руд му врескал в лице во соблекувалната по нивниот четвртфинален судир, но Норвежанецот возврати велејќи: „Разочарувачки е што зборува лаги за мене“.
Руне, кој се искачи на своето досега највисоко место на АТП рангирањето (18) по неговите неодамнешни резултати, ќе се соочи со 10. носител Хуберт Хуркач во второто коло в среда.


