ВИДЕО | Стефани Трајчевска освои златен медал на меѓународниот турнир Феникс Опен во Ниш

фото: facebook.com/HulkTKDAcademy

Македонската таеквондистка Стефани Трајчевска без изгубена рунда и со три победи доминантно освои златен медал на меѓународниот натпревар Феникс Опен – Ниш.

Трајчевска доминираше во борбите со противничките, а на крајот заслужено беше прогласена и за најдобра јуниорка. Од клубот по овој успех на Трајчевска порачаа дека нема да застанат тука и најавуваа нови победи на следните натпреварувања.

Таеквондо клубот ХУЛК – Илинден ги оправда фактите со настапот на меѓународниот натпревар Феникс Опен – Ниш, натпревар со околу 500 натпреварувачи од 10 земји. Клубот го освои третото место екипен пласман јуниори А.

Стефани Трајчевска – златен медал, јуниор А класа (победени 3 борби, со пехар НАЈДОБРА ЈУНИОРКА на натпреварот)
Ангел Јовановски – златен медал, јуниор А
Стефанија Јовановска – златен медал, јуниор Б
Марија Давидовска – златен медал, пионир Б
Дора Јаневска – златен медал, пионир Б

Лазар Филиповски – сребрен медал пионири А (пораз во финалето)
Андреј Филиповски – сребрен медал кадети Б
Димитриј Здравковски – сребрен медал, сениор А
Давид Симоновски – сребрен медал, сениор Б
Борјан Крстевски – сребрен медал, пионир Б

Никола Тасевски – бронза, јуниор Б
Калина Славковска – бронза, кадет Б
Лана Тодоровска – бронза, пионир Б
Душица Стаменова – бронза, јуниор А
Јасмин Џурџевич – бронза, пионир А

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот