ВИДЕО: Српскиот „бомбардер“ Марко Милосављевиќ ќе потпише за Еурофарм Пелистер?!

фото: EPA-EFE/Zbigniew Meissner

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер забрзано го комплетира составот кој следната сезона ќе игра во ЕХФ Лигата на шампионите.

По заминувањето на седум играчи, стручниот штаб предводен од Звонко Шундовски и Ацо Јовиќ бара адекватни замени, а на почетокот на преодниот рок во центарот на вниманието се играчите од овие простори.

По потписот на искусниот словенечки десен бек Нејц Цехте, сега погледите се насочени кон српскиот репрезентативец Марко Милосављевиќ (25), дознава „Балкан-Хандбал“.

Белграѓанецот кој блескаше во репрезентативниот дрес на СП 2023 е блиску до договор со македонскиот шампион.

Главното прашање е висината на обештетувањето што Македонците ќе треба да му го платат на шпанскиот клуб Адемар Леон, во кој левиот среден бек ја игра втората сезона.

Квалитетот на Милосављевиќ и во офанзива и во дефанзива е непобитен, како и потенцијалот да оди на повисоко ниво. Во тоа може да му помогне сезоната на играње во најквалитетното европско натпреварување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот