Нејц Цехте е новиот десен бек на Еурофарм Пелистер

фото: EPA-EFE/Mohamed Abd El Ghany

РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека нов член на новиот македонски шампион е словенечкиот репрезентативец Нејц Цехте (30). Десниот бек доаѓа во редовите на битолската екипа од четвртфиналистот на ЕХФ Лигата на шампионите и актуелен првак на Данска, ГОГ Гудме.

Цехте е стандарден словенечки репрезентативец, има 52 настапи за својата селекција, вклучувајќи и Европско и Светско првенство. 195-сантиметри високиот играч потекнува од ракометно семејство, бидејќи и неговиот брат Клемен Цехте беше професионален ракометар и словенечки репрезентативец.

Се афирмираше во дресот на Горење Велење, клуб со кој стана национален шампион на Словенија и играше во Лигата на шампионите. Во 2018 година следеше трансфер во Хановер, каде играше четири години и ја делеше соблекувалната со Урбан Лесјак, со кого повторно ќе играат во ист клуб.

Во сезоната 2022/23 со ГОГ Гудме дојде до историски успех во ЛШ, каде се најде меѓу осумте најдобри екипи, а се бори и за одбрана на титулата шампион на Данска.

Цехте се обврза на едногодишен договор, со опција за уште една сезона. Неговото претставување клубот го предвидува кон средината на јули, на почетокот на подготовките на екипата за сезоната 2023/24.

Прогласен ракометниот ол-стар тим во Супер лигата на Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот