Прогласен ракометниот ол-стар тим во Супер лигата на Македонија

Медиумот www.24rakomet.mk ги прогласи поединците кои оставија најдобар впечаток сезонава во домашното првенство, во гласањето учествуваа читатели и новинари, а наградите ги доделија ракометни легенди

На крајот на првенството во Супер лигатата на Македонија, медиумот www.24rakomet.mk на свеченост во Скопје го прогласи ол-стар тимот на сезоната. Официјален поддржувач на изборот беше компанијата Mozzart.

Читателите на овој медиум имаа една седмица да гласаат на овој избор, а тоа го сторија 69.758 гласачи за десетте категори во кои се прогласија најдобрите.

Избираа и новинари од неколку редакции во Македонија, од ТВ, радио, весници и спортски портали, меѓу кои беше и Слободен печат. Најдобрите во секоја категорија добија статуетка во форма на ѕвезда.

Десетмина истакнати ракометни работници, македонските спортски легенди Пепи Манасков, Стефче Алушовски, Раде Стојановиќ, Лазе Мајнов, Ванчо Димовски, Гино Стрезовски, Влатко Неделковски, Петар Ангелов им ги доделија статуетките на победниците во секоја категорија.

Ол-стар тимот за сезоната 2022/2023 го сочинуваат следните личности:

Голман – Урбан Лесјак (Еурофарм Пелистер). Лево крило – Дејан Манасков (Вардар 1961). Лев бек – Филип Талески (Вардар 1961). Среден бек – Страхиња Симиќ (Тиквеш). Десен бек – Мартин Серафимов (Алкалоид). Десно крило – Ненад Костески (Еурофарм Пелистер). Пикер – Владимир Бојаниќ (Охрид). Тренер – Александар Јовиќ (Еурофарм Пелистер). Дефанзивец – Томче Стојановски (Бутел). Млад играч – Самоил Ристевски (Еурофарм Пелистер).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот