Фото: Serbian News USA / Јутјуб / скриншот

ВИДЕО: Срби за Божиќ пукаат со сачмарки во Калифорнија, цело село се собира да гледа

Американските медиуми јавуваат за традиционалната, специфична прослава на православниот Божиќ во гратчето Џексон во сојузната држава Калифорнија, во кое живее бројна заедница по потекло од Србија.

Повеќе од сто години, Србите во ова место во кое живеат околу 5.000 луѓе, на Божиќ се собираат во центарот и пукаат со пушки – секако, без боева муниција. За сачмарките се фаќаат и мажи и жени, а годинава можеше да се види како во придружба на нивните родители, пукаа и некои деца кои имаа само 10-11 години.

Бучната прослава и годинава беше посетена од жителите на Џексон и околните места.

Фото:
Serbian News USA / Јутјуб / скриншот

Свештеникот Марко Бојовиќ од локалната православна црква, најстариот српски храм во САД, изграден во 1894 година, вели дека традицијата со пукањето е нешто како „примитивен огномет“.

„На еден начин, тоа било нешто како примитивен огномет. Пред да постои огнометот, така нашите предци го објавувале раѓањето на Спасителот“, изјави Бојовиќ.

Џексон е планинско место на планината Сиера Невада, недалеку од Сакраменто во внатрешноста на Калифорнија. Прославата на Божиќ во гратчето, на која годинава имаше и претставници од шестата генерација доселеници од Србија, беше традиционално придружена од десетина прасиња печени на ражен, а вечерта продолжи со музика и голема веселба.

ВИДЕО | Граѓани ја „почестија“ Ана Бекута со снежни топки зашто зела 40.000 општински евра за концерт

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот