ВИДЕО | Спринтерка во Токио побара помош од ИОК: Сакаат на сила да ме вратат во Белорусија

Фото: instagram.com/kristi_timanovskaya/

Белоруската атлетичарка Кристина Тимановскаја тврди дека била одведена на лет за Белорусија против нејзина волја, откако ги критикуваше тренерите на Олимпијадата во Токио.

– Барам помош од Меѓународниот олимписки комитет (ИОК). Под притисок сум и тие сакаат со сила да ме вратат во Белорусија, иако јас не се согласив на тоа – се зборовите на Тимановскаја.

Истакна дека нејзиниот живот е загрозен во родната Белорусија и побара азил во австриската амбасада во Токио.

Тимановскаја, која в понеделник треба да учествува на трката на 200 метри, на својот Инстаграм профил ги критикуваше официјалните лица од белоруската олимписка екипа.

Таа, меѓу другото, изјави дека била вклучена во штафетата 4 × 400 метри, иако никогаш досега не учествувала во таа дисциплина. Беше заштитена од Белоруската фондација „Солидарност за спортот“, која рече дека се плаши од присилна депортација во Минск.

Се додава дека кампањата против неа е доста сериозна и дека тоа е јасен сигнал дека нејзиниот живот ќе биде загрозен во Белорусија, вели портпаролот на организацијата Александар Опејкин за агенцијата АП.

АП објави дека Тимановскаја ја алармирала јапонската полиција на аеродромот Ханеда и дека таа не се качила на авионот за Истанбул. ИОК, кој е во спор со Олимпискиот комитет на Белорусија, соопшти дека интервенираше и дека бара излез од ситуацијата, како и појаснување.

– ИОК и организаторите во Токио водеа директни разговори со Кристина Тимановскаја. Таа е сега на аеродромот Ханеда со властите, придружувана од претставник на персоналот во Токио 2020. Таа ни кажа дека се чувствува безбедно, а ние ќе ја продолжиме комуникацијата со Кришина Тимановскаја и властите за да се одредат следните чекори во наредните денови – објавија од ИОК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот