ВИДЕО: Со чудесна акција во последната секунда Холандија славеше во Полска!

Фото: EPA-EFE/MACIEJ KULCZYNSKI

Голем успех направи репрезентацијата на Холандија совладувајќи на гостувањето фаворизираната Полска со 26:27 во натпревар од четвртото коло во квалификациската група „5“ за пласман на Европското првенство наредниот јануари.

„Лалињата“ до големата победа дојдоа со спектакуларна акција, „цепелин“, во последните моменти од мечот.

Голот беше дело на Смитс за голема радост на Холанѓаните кои се многу блиску до учество на континенталниот собир.

На табелата води Словенија со пет бодови колку што има и Холандија, четири има Полска, а последна е Турција без бодови.

На видео записот можете да го погледнете победничкиот гол во Полска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот