ВИДЕО | Снуп Дог на аеродром во Шкотска го пречекаа со гајди

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Американскиот рапер Снуп Дог неодамна слетал во Глазгов, Шкотска, а на аеродромот се погрижиле ова доаѓање да му остане во сеќавањето. Во текот на излегувањето од авионот, еден музичар на гајда го отсвирел еден од најголемите хитови „Still D.R.E.“ кој Снуп Дог го сними заедно со раперот Др. Дре во 1999 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by snoopdogg (@snoopdogg)


Рос Ајнсли кој свирел на гајда, е професионален музичар. Тој на Снуп Дог му посакал добредојде во градот на типичен шкотски начин, а раперот бил воодушевен од гестот и одлучил кратко да заигра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by snoopdogg (@snoopdogg)

Подоцна на својот инстаграм – профил споделил видео од овој необичен дочек и во описот на објавата напишал:

„Штотуку слетав во Шкотска“ – стои во описот на видеото на раперот.

Инаку, раперот пристигнал во Шкотска поради својот настап кој ќе се одржи во салата „Hydro Arena“ во Глазгов. Овој настап требаше да се одржи на 26 август минатата година, но тогаш беше откажана целата турнеја бидејќи организаторите не можеле да се договорат околу распоредот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by snoopdogg (@snoopdogg)

51-годишниот рапер моментално е на турнеја низ Велика Британија и Ирска. По концертот во Глазгов, Снуп Дог треба да настапи во Лондон, Даблин, Лидс и Бирмингем.

ВИДЕО | Снуп Дог вработил девојка да му витка џоинти, треба да му прави по 150 цигари дневно

ФОТО+ВИДЕО | Кралицата Елизабета Втора ја загрижи јавноста: Не можам да се движам

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот