ФОТО+ВИДЕО | Кралицата Елизабета Втора ја загрижи јавноста: Не можам да се движам

кралица елизабета втора
Кралица Елизабета Втора / Фото: Принтскрин / Инстаграм

Кралицата Елизабета Втора беше видена како оди со бастун за време на нејзината прва средба во живо со двајца официјални посетители во замокот Виндзор, признавајќи им на гостите дека не може да се движи, покажувајќи кон нејзините стапала.

Eден ден откако беше откриено дека принцот Ендру и Вирџинија Џуфре постигнале вонсудска спогодба кралицата ги призна своите здравствени проблеми. Вирџинија го тужеше британскиот принц за сексуално злоставување и бараше тој да ѝ плати 12 милиони фунти.

Бавно движејќи се со бастун, британската кралица се сретна со претстојниот секретар на одбранбените служби, генерал-мајор Елдон Милар и неговиот претходник, Џејмс Меклод.

„Па, како што гледате, не можам да се движам“, одговорила кралицата на прашањето како е, покажувајќи кон нејзините нозе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

 

Таа сепак успеа да направи неколку мали чекори и да се ракува со присутните. Кралица била видно расположена додека разговарала за нејзиното куче Кенди, за кое рекла дека ја чувало. Кога Милар сугерирал дека кучето „малку `ржи“, кралицата рекла дека таа обично не го прави тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот