ВИДЕО | Снуп Дог вработил девојка да му витка џоинти, треба да му прави по 150 цигари дневно
Снуп Дог не крие дека редовно консумира марихуана, а поради таа причина неколку години наназад има ангажирано работник да му подготвува џоинти секој ден. Американскиот рапер живее во Калифорнија, каде рекреативната конзумација на марихуана е легална.
View this post on Instagram
Веста за необичната работна позиција била објавена во јуни на профилот „UberFacts“ на Твитер. Во огласот за вработување било наведено дека Снуп Дог вработува џоинт-ролер кој ќе заработува меѓу 40.000 и 50.000 долари годишно, а Снуп, кој има над 20 милиони следбеници на платформата, дополнил: „Инфлација. Нивната плата се зголеми!“, по што славниот рапер ја споредил работната позиција со филмскиот лик Лурч од семејството Адамс, опишувајќи ја оваа работна позиција како „беспрекорна“.
View this post on Instagram
Во интервју за Хауард Стерн во 2019 година, Снуп изјавил дека придобивките од работата се бесплатна марихуана, но понекогаш и облеката.
View this post on Instagram
Веста помина прилично незабележано, но на водителите на австралиското радио шоу „The Kyle and Jackie O Show“ тоа им било интересно и во емисијата ја поканиле Ренегејд Пирана, која моментално е на оваа работната позиција.
„Пресметав дека досега имам направено повеќе од 450.000 џоинти. Работам со околу 220 грама дневно, што е од 75 до 150 џоинта“, вели Пирана.