Алан Ричсон - Фото: Инстаграм/Алан Ричсон

ВИДЕО | Нови информации за инцидентот – Алан Ричсон го претепал соседот откако тој наводно го турнал од мотор

Ѕвездата од серијата „Ричер“, американскиот актер Алан Ричсон, кој беше снимен како претепува сосед во државата Тенеси, наводно не ја започнал тепачката во Тенеси, туку бил турнат од моторот двапати пред инцидентот снимен на видео, тврдат извори блиски до актерот. Според нив, сведоци виделе како Ричсон вози мотоцикл по улица во Брентвуд, Тенеси, во неделата попладне, додека неговите две деца го следеле со мини-мотори, пишува „ТМЗ“.

Неговиот сосед, Рони Тејлор, наводно излетал на улицата во „многу агресивен“ обид да го запре.

Како резултат на тоа, Ричсон паднал од моторот и се здобил со исеченици и модринки, како и со полесна повреда на прстот.

Изворите тврдат дека Тејлор го предизвикувал актерот да го удри додека викал кон него, додека Ричсон сè уште бил на земја. Сепак, актерот не реагирал веднаш, туку се обидел да ја смири ситуацијата и да замине.

Но, ситуацијата ескалирала кога Тејлор повторно го турнал Ричсон на земја, по што актерот физички возвратил. Токму овој момент е снимен на видео кое го објави „ТМЗ“, а на кое се гледа како Ричсон го удира соседот на улица, по што повторно се качува на моторот и заминува со своите деца.

Од друга страна, Рони Тејлор тврди дека актерот два дена возел пребрзо низ населбата и дека токму тоа го поттикнало да му се спротивстави во неделата, што довело до физичка пресметка.

Извори блиски до Ричсон нагласуваат дека токму соседот го „иницирал и испровоцирал“ целиот инцидент. Се наведува и дека актерот соработува со полицијата, и засега не е поднесено обвинение.

Алан Ричсон – Фото: Инстаграм/Алан Ричсон

Претходни признанија за менталното здравје

Алан Ричсон, кој со сопругата Кетрин има три сина, претходно отворено зборуваше за својата борба со менталното здравје и дијагнозата за биполарно растројство.

Во интервју за „Холивуд репортер“, тој откри дека имал тешки моменти и самоубиствени мисли, но дека семејството му помогнало да побара стручна помош.

„Ме замолија да бидам тука, жив и дел од нивниот живот“, изјави тој тогаш, нагласувајќи колку му значат децата.

Претставниците на Алан Ричсон досега немаат дадено официјален коментар за инцидентот во Тенеси.

ВИДЕО | Ѕвездата на серијата „Ричер“ снимен како тепа сосед, инцидентот се случил пред деца

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот