ВИДЕО: Скандал во Синсинати, Медведев најави дека ќе ги тужи

Медведев во полуфиналето ја загуби руската битка против Рубљов во Синсинати/Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Рускиот тенисер Данил Медведев направи скандал во текот на полуфиналниот меч на Мастерс турнирот во Синсинати (САД) против сонародникот Андреј Рубљов.

Медведев не успеа да стигне до финалето откако беше поразен со резултат 2:1 во сетови 6:2, 3:6 и 3:6.

На мечот имаше и голем инцидент, имено во текот на еден поен Медведев налета на една од камерите. А потоа со нога шутна кон камерата со барање да се тргне од тој дел од теренот.

Тој се жалеше дека камерата е поставена премногу блиску и дека не води сметка околу безбедноста на тенисерите. Потоа, судијата се обидуваше да го смири.

Медведев рече дека за малку ќе ја скршеше раката, а подоцна најави дека и ќе ги тужи, мислејќи на организаторите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот