ВИДЕО | Симпсонови на пистата кај Баленсијага: Марџ е новата модна икона

симпсонови
Фото: Принтскрин / Youtube

Модната куќа „Balenciaga“ се шегуваше на сопствена сметка на претставувањето на својата последна пролет/лето 2022 колекција во Париз која беше во многу необична форма – специјална епизода на легендарната анимирана серија „The Simpsons“.

Брендот „Balenciaga“ не испушти да се „пофали“ со елитниот статус кој го носи како марка, високите цени кои ги има и приватните авиони со кои се располага во оваа посебна епизода на радост на Симпсонови.

Но, сепак ќе ја видиме и меката страна на креативниот директор на куќата, Демна Гвазалија, откако ќе биде фрапиран од „бедотијата“ на жителите на Спрингфилд. Понесен од тагата на Марџ што мора да го врати фустанот од 19 илјади долари кој Хомер ќе го порача како инстант подарок за нејзиниот роденден, Демна ќе го донесе целиот Спрингфилд да ја претстави новата колекција на Баленсијага.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UNSSEEN (@officialunsseen)

Ревијата ја отвори началникот Кланси Вигам, кој испарадира црн двореден костум надополнет со мантил со предимензионирани „пуф“ ракави на црни високи потпетици.

По него следеше сопственикот на барот Мо Сизлак, во светло кафен блејзер и високи чизми.

Барт носеше чизми над колена додека „скејташе“ по пистата и во свој стил го покажа задникот на публиката која не знае да се навреди, а Лиса иако сметаше дека модните ревии се површни не успеа да одолее на сјајот на рефлекторите и вниманието.

Пети и Селма Бувие го измешаа гламурот со уличарска доминантност. Хомосексуалецот Хулио зачекори заедно со мајката на Скинерс. Вејлон Смитерс за себе одбра црвен коктел фустан со шлиц кој ги покажуваше нозете обвиени со црвените потпетици. Близначките Шери и Тери ќе си поиграат со геометријата на балските фустани. А Хомер единствено нешто што го собираше беше предимензионирана Баленсијага јакна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khurram Siddiqi (@khurram.siddiqi)

Шоуто го затвори Марџ заблескувајќи на пистата во долг блескаво-златен фустан со голема машна на грбот, чие чекорење наиде на стоечки овации од гостите во публиката Ким Кардашијан, Канје Вест, Џастин Бибер и најважната критичарка во модниот свет, Ана Винтур.

Изгледите кои ги носеа Симпсонови беа аутфити кои како карактеристични веќе ги имаат одбележано сезоните кај Баленсијага од 2016 година до денес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CATTURA (@cattura)

„Balenciaga“ сепак навистина донесе нови модели за колекцијата кои не беа само нацртани и анимирани. Моделите одблиску ги отсликуваа оние носени од жителите на Спрингфилд, а беа испромовирани со објави на нивниот инстаграм-профил по излегувањето на видеото од ревијата на Симпсонови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 2002 (@2002.fmmr)

Вистинската колекција содржи 62 изгледи во кои доминираат предимензионирани форми на сакоа и широки искинати фармерки со разрабени расцепи и рабови наспроти исцело хеланки потпетиците кои се обвиваат околу и истенчуваат нозете. Доминираат монохроматските нијанси кои одлични се рефлектираат од темно црвената позадина, а се појавуваат и изгледите на Ким и Канје од овогодинешната Мет Гала.

Целосната колекција, чиј носечки изглед е предимензионираниот слоевит „принцес“  фустан од црн чипкан тул, може да се погледне на инстаграм-профилот на модниот бренд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Balenciaga (@balenciaga)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Balenciaga (@balenciaga)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Balenciaga (@balenciaga)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Balenciaga (@balenciaga)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Balenciaga (@balenciaga)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот