ВИДЕО | Штипјанецот обвинет дека ја грабнал и ја убил пријателката ништо не признава: „Да убиеш човек не е лесно“
Во Основниот суд во Штип денеска започна судењето на 74-годишниот Денис Асанов, кој е обвинет дека ја киднапирал 79-годишната Борјанка Николова, со која бил во лични блиски односи, ја држел затворена во неговиот дом, по што ја убил со остар предмет, а делови од нејзиното тело закопал во својот двор. Пред Судот, Асанов изјави дека не е виновен и дека воопшто не знае како се случило убиството, пренесе „СДК.мк“.
Препорачано
„Апсолутно не! Не сум го сторил кривичното дело. Да убиеш човек не е лесно“, рече Асанов пред судијата.
Според обвинителката Тања Кацарова, Асанов бил свесен кога го извршил делото и убиството го сторил со умисла. Според извршената обдукција, убиената жена имала осум скршени ребра, а во дворот било пронајдено обезглавеното тело на жртвата. Главата и двете нозе на убиената до денес не се пронајдени.
Денеска беше сослушана и сестрата на убиената жена, која по пет дена трагање, го пријавила исчезнувањето. Судењето ќе продолжи на 18 март, пишува „СДК.мк“.
Расчистено свирепо убиство во Штип: Грабнал и убил старица, ја закопал во дворот
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6мин
-
30мин
-
36мин
-
38мин
-
39мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


