ВИДЕО | Шокантно: Девојка ги малтретира животните во Зоолошката градина во Скопје

Фото: Скриншот, ТикТок

На социјалната мрежа Тик-ток се појави видео коешто предизвика лавина негативни реакции од страна на корисниците. Имено, на видеото е видливо дека девојка ги малтретира животните во Зоолошката градина во Скопје, прескокнувајќи ги оградите.

Како што информираат од Зоолошката градина, девојката ќе добие соодветна пријава затоа што, како што велат оттаму, ваквото однесување е недозволено.

– Понекогаш доволно е и една минута да немало никој во близина и да се случи ваков инцидент. Токму преку едукативни кампањи успеавме да ја покренеме свеста и поголемиот број на посетители се културни и совесни, но ете има и по некој ваков изолиран случај кој заслужува казна, стои во нивната објава на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот