ВИДЕО | Северина со емотивна изведба: Пејачката покажа среден прст и опцу среде концерт

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ неодамна одржа концерт во Јахорина, прв откако Врховниот суд на Хрватска одлучи старателството на нејзиниот син Александар да му припадне на неговиот татко, српскиот бизнисмен Милан Поповиќ.

Пејачката се огласи на социјалните мрежи многу пати во врска со неправедната одлука, а сега објави видео на својот инстаграм-профил од настапот во Јахорина, поточно од изведбата на песната „Роџено моје“.

Откако ја изведе песната емотивната Северина во солзи испрати јасна порака за неправдата која ѝ се случува. Имено, на крајот од песната таа го остави микрофонот, го покажа средниот прст и опцу.

Инаку, хрватската пејачка со тага во очите прочита и трогателен говор на самиот почеток на концертот.

„Не станав од кревет четири дена. Потоа станав, морав да се облечам, да се нашминкам, да направам фризура и да ви се поклонам”, започнала Северина и добила аплауз од публиката.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

Северина не е единствената: Овие славни дами го изгубија старателството над своите деца

„Откако се роди, бевме само ние двајца“: Срцепарателна објава на Северина откако судот ѝ го одзема синот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот