ВИДЕО: Селин Дион ја доби својата прва филмска улога

Profimedia
Фото: Профимедиа

Селин Дион не само што ќе игра во овој филм, туку и нејзината музика ќе биде многу важен дел од заплетот на истиот…

Селин Дион се впиша во историјата на филмот кога ја сними песната „Beauty and the Beast” за цртаниот класик на Дизни и „My Heart Will Go On” за филмот „Титаник“, иако никогаш не глумела.

Актерката кариера сепак штотуку и започнува, бидејќи канадската ѕвезда во 52-та година од животот ја доби својата прва улога. Таа ќе игра во романтичната драма „Порака за тебе “ (Text For You) заедно со Пријанка Чопра и Сем Хјуан, најпознат по улогата на Џејми Фрејзер во серијата „The Outlander“.

Фото: Промо

Станува збор за римејк на германскиот филм „SMS Fur Dich” кој зборува за една жена која му испраќа пораки на својот починат вереник, не знаејќи дека неговиот број од телефонот е доделен на друга личност, човек кој исто така се бори со загуба.

Селин Дион не само што ќе игра во овој филм, туку и нејзината музика ќе биде многу важен дел од заплетот на истиот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот