ВИДЕО: Се урна трибина полна со навивачи на познатиот „Монументал“ во Чиле

Падна кровна конструкција на преполниот стадион на Коло Коло/фото: EPA-EFE/Juan Ignacio Roncoroni

Застрашувачка ситуација се случи на стадионот на познатиот чилеански клуб Коло Коло кога под притисок на навивачите се урнал еден дел од трибината.

На стадионот „Монументал“, кој има околу 45.000 седишта, домашните навивачи го следеа отворениот тренинг на својот клуб пред големиот натпревар против Универзидад Католика во првенството на Чиле.

Тренингот заврши неочекувано и на шокантен начин кога дел од трибината не ја издржа тежината на навивачите и пропадна.

Во тој момент веќе имаше неколку илјади навивачи, но и на трибината под таа што се урна. Според медиумите, повредени се повеќе од десет луѓе, а за среќа никој не е во животна опасност.

Универзидад Католика треба да гостува веќе во ова коло, а навивачите се собраа да ги прослават 33-те години од овој стадион, кој очигледно не е во најдобра состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот