ВИДЕО | Рекорд на аукцијата за џиновски рубин – продаден за 34,8 милиони долари

Фото: Принтскрин /Сотби/Твитер

Џиновски рубин од 55,22 карати, наречен „Estrela de Fura“, најголемиот досега понуден на аукција, е продаден денеска во Њујорк за 34,8 милиони долари, што е рекорд за тој скапоцен камен, објави „Сотби“.


Исечен и обликуван во груб камен од 101 карат, откриен во септември во рудник во Мозамбик со кој управува компанијата „Фура гемс“, каменот беше ѕвезда на продажбата на дијаманти во која беа вклучени 100 други скапоцени камења.

Почетната цена на рубинот беше 21 милион долари, но анонимен купувач понуди 34,8 милиони долари.

Претходниот рекорд го држеше рубин од 25,59 карати од Мјанмар, продаден за 30,33 милиони долари. Таа продажба се одржа во Женева во 2015 година, исто така организирана од куќата „Сотби“.

Пред продажбата, рубинот беше изложен во Хонг Конг, Тајпеј, Сингапур, Женева, Дубаи и Њујорк.

На истата аукција беше продаден и реткиот розов дијамант „The Eternal Pink“ од 10,57 карати за 34,8 милиони долари. Тоа е исто така одлична цена за дијамант со таа боја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот