ВИДЕО | Рецепт за тесто за пица за една минута! Без месење, без неред…
Минута работа, и резултатот – пица како од најдобрите пицерии. Чиста кујна, брзина и фантастичен вкус – сè во едно!
Препорачано
Пицата е омилена на сите, но колкупати сме се откажале затоа што месењето тесто одзема време и создава хаос во кујната? Еве го решението – тесто кое не бара месење или растегнување, а резултатот е фантастичен: крцкава кора, сочен фил и задоволство од секој залак.
Сè што треба да направите е да ги изматите следниве состојки: 1 јајце, 1 лажичка квасец, ½ лажичка шеќер, 250 мл јогурт, 2 лажици масло, 100 мл топла вода, околу 250 г брашно, ½ лажичка сол.
Едноставно измешајте ги состојките само неколку минути, па сипете во голема тава или две помали. Одозгора ставете фил по ваш избор – сирење, домат, шунка, зеленчук…
Печете во добро загреана рерна на 250 степени и ставете ја тепсијата на долната решетка од рерната. На овој начин филот останува сочен, а кората е совршено крцкава. Ако претпочитате побавно печење, на 230 степени околу 30 минути, исто така, дава одличен резултат.
Најдобриот дел? Без мешање, без неред – а вкусот е како традиционално замесена пица. Брзо, лесно и фантастично за секоја пригода, без разлика дали станува збор за семејна вечера или за дружење со пријатели.


