ВИДЕО: Реал со играч помалку до пресврт во Кралскиот куп

Реал Мадрид е новиот четвртфиналист во шпанскиот Кралски куп/Елче, Шпанија/20 јануари 2022/Фото: EPA-EFE/Manuel Lorenzo

Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Елче по продолженијата со 1:2 (0:0, 0:0) и со тоа обезбедија пласман во четвртфиналето на шпанскиот Кралски куп.

Во многу возбудлив финиш на првото продолжение, Реал остана со десет играчи бидејќи Марсело доби директен црвен картон како последен одбранбен играч.

Веднаш потоа до гол доаѓа Елче, Верду изведе слободен удар, удри во живиот ѕид и потоа повторно шутираше, топката удри во Себаљос и заврши зад грбот на Лунин.

И покрај тоа што „кралевите“ беа со играч помалку, успеаја да направат пресврт, најпрвин израмни Иско, додека за водство Азар го искористи ударот на Вернер и ја испрати топката во празната мрежа.

Во финишот и Елче остана со играч помалку откако Пере Миља доби втор жолт картон поради приговор. Пласман во четвртфиналето досега обезбедија Мајорка, Рајо Ваљекано, Кадиз, Реал Бетис, Валенсија, Реал Сосиедад и Реал Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот