ВИДЕО | Разгневена толпа запали болнички центар за ебола во Конго
Дел од локалното население не верува дека вирусот постои и смета дека еболата е измислица на странци, болници и невладини организации.
Разгневена толпа запали дел од болница во епицентарот на епидемијата на ебола во источниот дел на Демократска Република Конго, откако семејството и пријателите на млад човек, за кого се верувало дека починал од вирусот, биле спречени да го земат неговото тело за погреб, објави „Би-би-си“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
— Почнаа да фрлаат предмети кон болницата. Дури запалија и шатори што се користеа како изолациски одделенија — изјави за „Би-би-си“ локалниот политичар Лук Малембе Малембе, опишувајќи ја сцената на која сведочел во Општата болница Рвампара.
Во хаосот, полицијата испукала предупредувачки истрели за да ја растера толпата.
Телото на почината жртва од ебола е високо заразно, па властите мора да обезбедат безбеден погреб за да се спречи ширењето на вирусот.
Медицинските работници во болницата Рвампара, која се наоѓа во близина на градот Бунија во провинцијата Итури, каде што се пријавени речиси сите случаи, биле ставени под воена заштита додека полицијата интервенирала за да го врати редот.
Еден здравствен работник бил повреден кога демонстрантите фрлале камења, пред да интервенираат безбедносните сили, изјави вработен во болницата.
— Мажот што починал бил популарна личност во локалната заедница, а луѓето вознемирени од неговата смрт не ја сфатиле реалноста на болеста — изјави координаторот на безбедносниот одговор на еболата во Итури.
🇨🇩 In the DR Congo they set fire to the center for treating Ebola patients.
The fire was started by relatives of one of the patients who died from the virus after they were forbidden to take his body, CNN reports. pic.twitter.com/hsJrFqXpWP
— RusWar (@ruswar) May 22, 2026
Во ДР Конго расте недовербата кон здравствените власти додека еболата се шири низ источниот дел на земјата.
Дел од локалното население не верува дека вирусот постои и смета дека еболата е измислица на странци, болници и невладини организации.
СЗО препорачува безбедни погреби бидејќи телата на починатите се заразни.
Во ДР Конго има над 130 починати, а случаи се регистрирани и во Уганда.
Еболата во Конго и Уганда се ширела со недели пред здравствените власти да го вклучат алармот


