Михаела Бентхаус - Фото: Handout / AFP / Profimedia

ВИДЕО | Првата личност со инвалидитет во вселената: Германката Михаела Бентхаус на лет со ракетата на Џеф Безос

Германката Михаела Бентхаус е првата личност со попреченост која отпатувала во вселената со ракетата на компанијата „Блу Ориџин“ (Blue Origin) на милијардерот Џеф Безос.

Таа заедно со уште пет други патници започнала патување од Западен Тексас, оставајќи ја зад себе инвалидската количка која ја користи поради тешка повреда добиена пред седум години во несреќа со велосипед, пренесе агенцијата „АП“ (AP).

Во нејзино друштво бил и поранешен службеник на компанијата „СпејсИкс“ (SpaceX), исто така роден во Германија, Ханс Кенигсман, кој ѝ помогнал да го организира и спонзорира патувањето заедно со компанијата на Безос.

Цените на билетите за ова патување не се објавени. За десетминутниот лет биле потребни само мали адаптации во капсулата Њу Шеперд (New Shepard) за потребите на Бентхаус, соопшти компанијата „Блу Ориџин“ (Blue Origin). Исто така, биле поставени специјален лифт и платформа за да може да стигне до капсулата на врвот од ракетата.

Бентхаус, која поради повреда на ‘рбетниот столб воопшто не може да оди, се подготвувала за летот преку дел од програмата за обука на Европската вселенска агенција (European Space Agency) во Холандија, како и преку двонеделна симулација на вселенска мисија во Полска.

„Никогаш навистина не мислев дека лет во вселената би можел да биде реална опција за мене, бидејќи тоа е голем предизвик дури и за суперздрав човек“, изјавила таа пред мисиската подготовка.

Меѓу претходните патници на компанијата имало и други лица со ограничена подвижност, како и лица со намален вид или слух, како и брачен пар на 90 години, потсетува американската агенција.

Германска инженерка е прва личност со попреченост што ќе лета во вселената

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот