Кејт Мидлтон и принцот Вилијам на парадата/Фото: GoffPhotos.com / Goff Photos / Profimedia

ВИДЕО | Принцот Вилијам за тешките времиња во семејството: „Решивме да им кажеме сè на нашите деца“

Во интервју за бразилска телевизија, принцот Вилијам откри како тој и Кејт морале да одговорат на „тешки прашања“ од нивните деца, принцот Џорџ (12), принцезата Шарлот (10) и принцот Луис (7), а отворено зборуваше и за тешката година низ која минува неговото семејство, откако неговата сопруга се бореше со ракот, пишува „Дејли мејл“.

„Секое семејство поминува низ тешки времиња и предизвици, а начинот на кој се справуваме со нив прави разлика“, рече принцот Вилијам во интервјуто.

„Одлучивме да им кажеме на нашите деца сè – и добри и лоши вести. Им објаснуваме зошто се случуваат одредени работи и зошто понекогаш може да се чувствуваат тажно. Многу прашања остануваат неодговорени и мислам дека сите родители минуваат низ тоа. Не постои прирачник за родители. Ние ја избравме искреноста.“

Принцот Вилијам, исто така, откри каков е семејниот живот „зад ѕидовите на палатата“, истакнувајќи дека тој и Кејт се обидуваат да бидат што е можно поприсутни во секојдневниот живот на своите деца.

„Ги возам до училиште, си играме во градината секогаш кога можам, учествувам во спортски денови, натпревари… Кетрин и јас го делиме тоа, иако таа веројатно го врши поголемиот дел од работата“, призна тој.

Принцот се осврна и на темата за технологијата, откривајќи дека ниту едно од неговите деца сè уште нема мобилен телефон.

„Тешко е, но Џорџ, Шарлот и Луис сè уште немаат мобилни телефони “, рече тој.

„Кога Џорџ ќе почне да оди во средно училиште, можеби ќе добие мобилен телефон, но со ограничен пристап. Му објаснуваме зошто мислиме дека не е добра идеја децата да имаат целосен пристап до интернет. Со ограничувања, пораките и комуникацијата можат да бидат корисни, но целосниот пристап носи ризици.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот