ВИДЕО | Погледнете ја најдуховитата реклама за Супер Боул: Бредли Купер и Метју Меконахи брилијантни
Познатите холивудски актери Бредли Купер и Метју Меконахи се ѕвездите на најновата реклама за „Uber Eats“, која веќе се најавува како една од најсмешните што ќе се прикажуваат за време на овогодишниот Супер Боул. Во рекламата, двајцата влегуваат во духовита расправија околу тоа дали американскиот фудбал навистина постои поради спортот, или е измислен само како изговор за да се продава што повеќе храна.
Препорачано
Меконахи ја застапува својата теорија, однесувајќи се како вистински теоретичар на заговор и се обидува да го убеди пријателот дека целата приказна е осмислена само за да се зголеми продажбата на храна. Од друга страна, Купер, како страстен љубител на спортот, се обидува да му се спротивстави.
Ова не е првпат Купер и Меконахи да соработуваат заедно, публиката ги памети и од романтичната комедија „Failure to Launch“ од 2006 година. Купер изјави дека му било големо задоволство повторно да работи со својот пријател и дека многу се забавувале за време на снимањето на рекламата.
Инаку, Купер е познат навивач на тимот „Philadelphia Eagles“. Иако „орлите“ оваа сезона испаднаа во плејофот, актерот смета дека тимот имал силна и борбена година. Кога станува збор за Супер Боулот, тој дипломатски порача дека нема фаворит, најважно му е да гледа добар и возбудлив натпревар.
Рекламата ќе се емитува за време на Супер Боулот оваа недела, а „Uber Eats“ паралелно лансира и интерактивна опција во апликацијата, корисниците ќе можат сами да креираат своја верзија на Супер Боул реклама и притоа да добијат ексклузивни попусти.
Супер Боул LX ќе се одигра во недела на стадионот Levi’s во Калифорнија, каде ќе се сретнат екипите на „New England Patriots“ и „Seattle Seahawks“.


