ВИДЕО: Погледнете го домот на Кара Делавињ, во кој е сеприсутен мотивот на вагина

instagram

Во видео турнеја организирана од „Architectural Digest“ низ домот на моделот Кара Делевињ, може да се забележи есенцијата на духот на Шапкарот од „Алиса во земјата на чудата“, префинетиот стил на Англичанката, но најкарактеристично од сè е нејзиниот однос со вагината како плодотворен концепт.

Низ турнејата моделот покажува тајна врата затскриена зад огледало во чија внатрешност се гледа розова просторија, обложена во форма на вагина. „Влегувам тука да размислувам, влегувам тука да творам, се чувствувам инспирирана во тунелот на вагината“, вели Делевињ.

Делевињ и нејзиниот архитект Нико Бини, биле инспирирани од „Алиса во земјата на чудата“. Просторијата со форма на вагина се надоврзува на тунел кој води кон другиот крај на куќата и таму завршува со розова машина за перење, од која се излегува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cara Delevingne (@caradelevingne)

„Излегувате преку машина за перење на другиот крај – преродени и чисти!“ вели домаќинката.

Мотивот на вагина продолжува низ остатокот од куќата. Во нејзината спална соба има букет од ружи во неколку нијанси на розово, аранжирани во форма на вагина. Кога го покажува букетот Делевињ реферира на него како „Овој прекрасен букет вагинално цвеќе“.

Во нејзиниот дом има и друга „тајна“ просторија, исто обложена во нијанси на розово, таван со многу огледала, нишалка и пригушено светло која моделот ја нарекува „pu*sy palace“.

Во видеото може да ја погледнете целосната турнеја на домот на моделот и нејзиниот карактеристичен стил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот