ВИДЕО | Почна сведочењето на Амбер Херд: Џони ме удри трипати, завршив на подот

Фото: Профимедиа

Започна сведочењето на Амбер Херд, актерката која го обвини својот поранешен сопруг Џони Деп за семејно насилство, за што тој одговори со тужба.

По една недела испрашување на различни сведоци, меѓу кои сведочеше и самиот Џон Деп, Херд сега се обиде да му објасни на судот низ што поминувала и кога точно се случил првиот наводен удар од Деп.

На клупата за сведоци во моментот на најпознатиот судски спор, конечно се најде Амбер Херд. Првпат ја гледаме на таа позиција, по една недела размена на разни сведоци во скандалозна парница. Додека некои го бранеа ставот на славниот актер, а други се обидоа да покажат дека Деп, всушност, бил жртва на голема измама, сега Херд ја раскажала својата приказна.

Во своите воведни зборови, Херд рекла дека долго време се борела да најде зборови за болката што ја чувствувала додека седела во судот во последните три и пол недели. Тоа го нарекла „најболната и најтешката работа низ која некогаш поминала“.

Потоа рекла дека многу тешко ѝ паѓа да ги слуша луѓето кои некогаш ги познавала, со кои била добра, па дури и поранешниот сопруг, така да зборуваат за нивниот некогашен живот. Потоа, Херд преминала на уште поболни теми и се присетила на првиот удар што наводно го добила од Деп.

„Седевме на каучот и нормално разговаравме. Тој пиеше. Мислам дека можеби консумирал и кокаин затоа што имаше некои остатоци на масата. Свиреше музика, запаливме цигари, а потоа го прашав за тетоважата на неговата рака. Не сфатив што пишува, ми изгледаше како некои црни отпечатоци. Кога рече дека на тетоважата пишува „Вино“, помислив дека се шегува и пукнав од смеење. Ме удри по средината на лицето, а јас продолжив да се смеам, бидејќи не знаев што друго да правам во тој момент“, раскажувала во солзи Херд пред судот, а потоа продолжила:

„Се смеев и очекував и тој да почне да се смее, дека тоа е само некоја навистина лоша шега. Но тој повторно ми пријде, ме удри уште еднаш и со погрдни зборови ми рече дека не сум смешна. Кога вториот пат ме удри, ми беше јасно дека ова не е шега. Ме удри без причина.“

Амбер Херд и Џони Деп
Фото: EPA

Потоа, Деп наводно ја удрил и по третпат, кога Херд наводно завршила на подот. Таа објаснила дека знаела дека мора да го остави, а дека не е подготвена за тоа.

„Знаев дека сето тоа не е во ред, но бев лудо вљубена. Посакувам сега да можам да ви ја раскажам приказната дека сум заминала од дома откако тој ми го направи ова, но не го сторив тоа. Само седев на тепихот, а додека не успеав да се снајдам, тој почна да плаче. Тоа беше првпат да видам возрасен маж во солзи“, рекла актерката.

Таа заклучила дека во 2012 година, физичкото вознемирување од страна на Џони станало сè почесто. Херд рекла дека тоа било времето кога Деп имал најмногу проблеми со алкохолот.

амбер херд
Поранешните сопружници Амбер и Џони / Фото: EPA-EFE

Херд изнела и други детали во своето сведочење. Судењето продолжува…

ВИДЕО | Психолог сведочеше: Амбер Херд има нарушувања на личноста

ВИДЕО | Психолог сведочеше: Амбер Херд има нарушувања на личноста

Завршните зборови на Џони Деп: Бев жртва на семејно насилство

Адвокатот на Џони Деп: Амбер бараше бесплатно да живее во неговите станови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот