Во два часот по полноќ се слушна: „Тато, ќе ја убиеш мама“, сведочи сосетката Тања Спировска
Во зградата каде што живееле обвинетиот Стојанче Јовановски, неговата сопруга Ивана и шестгодишната ќерка Катја, константно се слушало тропање, викање, тепање, сведочеше денеска сосетката Тања Спировска. Таа двапати викнала полиција, но тоа завршувало со тропање по вратите на погрешни соседи, или со заминување на полициската екипа од местото. Според Спировска, викањето и тепањето траело две …

