Судење за пожарот во „Пулс“, Кочани / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

„Паднавме едни врз други, нозете ми беа приклештени – ме извлече обезбедувањето“, сведочеше преживеан од „Пулс“

Успеав да стигнам до скалите, но некој се сопна и сите колективно се струполивме. Паднавме едни врз други. На последната скала се обидов да станам, но нозете ми беа приклештени од други луѓе. Во тој момент се појави Столе од обезбедувањето, кој ме извлече од метежот и јавно сакам да му се заблагодарам.

Ова е дел од сведочењето на Иван Данаилов, кој вечерта на 16 март успеал да се спаси од трагедијата. Тој раскажува дека по излегувањето надвор видел двајца до тројца полицајци кои, како што вели, само стоеле и ништо не преземале.

Судијката ги искара родителите, а адвокатката на Деко побара исклучување на јавноста ако уште еднаш се наруши редот

„Пожарот настана во 2:32 часот. Прво не го забележавме, беше над нашите глави, надвор од нашето видно поле. Еден од бендот кажа дека има пожар, настапот беше стопиран и го повикаа газдата да донесе противпожарен апарат. При излегување се разминав со Михајло, кој влегуваше внатре со ПП апарат. Имаше и друго лице кое од бината се обидуваше да го гаси пожарот со апарат“, раскажува тој.

Потресно сведоштво за „Пулс“: Телото на брат ми го најдов на влезот, го познав по тетоважите

Според сведокот, кога станало јасно дека ситуацијата е сериозна, кај излезот веќе настанало стампедо.

„Почнав да чувствувам задушливост, тешко се дишеше. Во таа турканица сите се обидувавме да излеземе. Тогаш некој се сопна на скалите и сите паднавме едни врз други“, вели Данаилов.

Во дискотеката одел од 16 години, додека бил малолетник.

ВИДЕО | Тензично во судницата во Идризово, реакции за доцнењето на судењето и за адвокатката на Деко 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот