Во два часот по полноќ се слушна: „Тато, ќе ја убиеш мама“, сведочи сосетката Тања Спировска
Во зградата каде што живееле обвинетиот Стојанче Јовановски, неговата сопруга Ивана и шестгодишната ќерка Катја, константно се слушало тропање, викање, тепање, сведочеше денеска сосетката Тања Спировска. Таа двапати викнала полиција, но тоа завршувало со тропање по вратите на погрешни соседи, или со заминување на полициската екипа од местото. Според Спировска, викањето и тепањето траело две години.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Стојанче почна да плаче во судницата кога наставничката на Катја раскажуваше за детето
-Еднаш накај два часот по полноќ, се слушна: „Тато, ќе ја убиеш мама“. Двапати има дојдено полиција на мој повик, ми земаа изјава, се качија со мене заедно по спратовите да најдеме од каде доаѓа викањето и тепањето. Првиот инспектор беше коректен, запиша дека викањето не се слуша во ходникот, туку само вертикално по становите. Провери во еден стан и замина. Вториот инспектор кога дојде беше многу дрзок, многу нервозен и тропаше по становите и вратите, праша на кој спрат се, јас реков дека е над мене. Тропна на три стана и ми се закани дека ќе добијам кривична пријава за лажно пријавување, јас му реков: „Слободно одма пиши ми“. Тепањето и тропањето го слушав од дневната соба во мојот дом, првпат ги забележав пред две години, рече Спировска.
Таа рече дека неодамна дознала од соседите дека Катја излегувала сама, тропала по врати и барала помош за мајка ѝ.


