ВИДЕО: Петмина мораа да се откажат уште по првиот круг на „Хунгароринг“

Ф1 сезоната во 2022 ќе започне со трката за Големата награда на Бахреин/Фото: EPA-EFE/Szilard Koszticsak

Несреќата во која учествуваа неколку болиди веќе се случи во првиот круг од трката во Формула 1 за Големата награда на Унгарија.

Дождот што падна пред почетокот на трката ги отежна условите на патеката, а изборот на гуми за некои не се покажа како добро решение.

Валтери Ботас не започна одлично, а при сопирање се лизна и се судри со болидот на Ленд Норис.

Возачот на Мекларен не можеше да стори ништо за да го избегне контактот и заврши неконтролирано во болидот на Макс Верстапен, лидерот во генералниот пласман, кој на последната трка за време на Големата награда на Велика Британија го исфрли Луис Хамилтон и на тој начин му пријде со одлично возење и победа, на само осум бода заостанување.

Верстапен успеа да ја продолжи оваа трка, но не и Норис, Ботас, Леклер, Перез и Строл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот