ВИДЕО | Пес-херој отепал глутница којоти за да го спаси стадото

Кучето Каспер херој од Џорџија/ Фото Фејсбук

Донации од цела Америка пристигнуваат за лекување на Каспер, овчарскиот пес што смело им се нафрлил на глутница којоти за да го спаси стадото што му било доверено на чување.
Дваесетмесечниот пиринејски овчар самиот се соочил со 11 којоти што го нападнале стадото овци во Декатур во американската сојузна држава Џорџија. Во безмилосната битка песот задавил осум којоти и ги гонел преостанатите три подалеку од стадото.

Каспер дури два дена подоцна се вратил кај стадото, целиот во крв, со отворена рана на вратот и без парче од опашот.

– Ме погледна и како да ми рече: „Шефе не ме гледај колку лошо изгледам, само среди ме“. Изгледаше како којотите како да му ја откинале целиот кожув – изјави сопственикот на стадото Џон Вирвилер. Тој итно го префрлил песот на ветеринар, каде што му биле зашиени раните, а на социјалните мрежи ја раскажал приказната и побарал донации за да ги покрие трошоците за лекувањето. За само неколку часа, на сметката пристигнале повеќе од 15.000 долари.

Кучиња вообичаено тешко може да излезат како победници во дуели „еден на еден“ со којоти, поради што херојството на Каспер е опишано како неверојатно. Којоти знаат да нападнат и луѓе. Пред само една недела во Калифорнија мајка со камен исплашила и избркала којот што го зграпчил нејзиното дете и се обидел да го одвлече.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот