ВИДЕО: Партизан ќе игра против Црвена звезда за титулата во АБА лигата

фото: Partizan Mozzart Bet/Dragana Stjepanovic

Кошаркарите на Партизан во полуфиналето од АБА лигата во „мајсторката“ триумфираа убедливо над Цедевита Олимпија со 90:71 (24:16, 17:14, 24:23, 25:18).

Играчите на Жељко Обрадовиќ одиграа без осцилации, Цедевита неколку пати се обидуваше да се врати во мечот, но Партизан секогаш имаше одговор. Одлучувачкиот дел од натпреварот се одигра на крајот на вториот и почетокот на третиот период.

Сè започна со тројката на Кевин Пантер преку Карл Матковиќ во последните секунди од првото полувреме, а потоа на сцена стапи Нанели, кој постигна неколку поени, му се приклучи Ледеј и пред последната четвртина беше јасно кој ќе биде вториот финалист во регионалното натпреварување.

А во последната четвртина блеска „црно-белите“, доминираа на паркетот и предноста постојано се зголемуваше до крајот на мечот.

Најефикасен за Партизан беше Зек Ледеј со 17 поени, Џејмс Нанели додаде 12, а Ален Смаилагиќ, Данило Анѓушиќ и Данте Егзум по 11.

Во редовите на словенечката екипа се истакна Зоран Драгиќ со 15 поени, Амар Алибеговиќ постигна 11, а „двоцифрени“ беа и Карло Матковиќ и Едо Муриќ со по 10.

Партизан ќе игра против Црвена звезда во финалето кое требаше да започне на 12 јуни, но „црвено-белите“ објавија соопштение во кое наведуваат дека борбата за титулата АБА лигата треба да се игра по финалето на Кошаркарската лига на Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот