КК Црвена звезда: Сакаат да ја освојат титулата во АБА лигата надвор од теренот

фото: ABA League j.t.d./Dragana Stjepanovic

Кошаркарскиот клуб Црвена звезда ја информира јавноста по срамното соопштение на АБА лигата со термините на финалните натпревари – дека нема да го игра финалето на АБА лигата кое е закажано да започне на 12 јуни.

Клубот останува на својата одлука, како што и наведе во соопштението од 31 мај година, дека нема да го игра финалето во АБА лигата сè додека не заврши финалето на српското првенство.

Како заклучок во своето соопштение од пред три дена Црвена звезда го констатираша и ова:

– Секој обид на АБА лигата за евентуално компромитирање на календарот на финалето на Суперлигата на Србија со дополнително закажување натпревари во време на одигрување на финалето на српското првенство, го сметаме за уште една провокација и обид да се руши уште повеќе АБА лигата. Бидејќи АБА-лигата покажа колку е под влијание на еден клуб и луѓе кои со своите постапки го компромитираат и сакаат да ја освојат титулата надвор од теренот – велат од клубот.

КК Црвена звезда воедно ја информира јавноста како се дојде до закажување на овие термини и многу веројатно и крајот на АБА лигата како натпреварување.

– КК Црвена звезда знае дека спортскиот директор на АБА лигата, Милија Војиновиќ по голем притисок во четвртокот и петокот ги одреди овие датуми, а во директен договор со официјалното лице на КК Партизан Зоран Савиќ, истиот кој гo тужеше нашиот клуб во Евролигата и одредени шпански клубови во текот на оваа сезона. Не сме запознати со фактот дека дека Зоран Савиќ е функционер на АБА лигата, туку само како функционер на еден клуб, и овие термини не ги прифаќаме, ниту ќе се појавиме на терен на 12 јуни, ниту на 14 јуни – пренесуваат „црвено-белите“.

Повеќе на клупскиот сајт на КК Црвена звезда на следниот ЛИНК

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот