ВИДЕО | Памела Андерсон и Ченинг Тејтум ќе бидат дел од ѕвездената постава на годинашното Берлинале
Памела Андерсон, Ченинг Тејтум и Сандра Хилер ќе бидат дел од ѕвездената постава на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Берлин – Берлинале, соопштија организаторите неколку дена пред официјалниот почеток на фестивалот.
Препорачано
Режисерот Шон Бејкер, кој во 2025 година освои „Оскар“ за филмот „Anora“, ќе одржи специјален говор наместо добитничката на почесната Златна мечка, Мишел Јео – „Everything Everywhere All at Once“. Во Берлин ќе пристигнат и Жилиет Бинош, Изабел Ипер, како и Калум Тарнер, кој заедно со Памела Андерсон глуми во филмот „Rosebush Pruning“.
Фестивалот започнува на 12 февруари
На списокот на гости е и британската поп-ѕвезда Чарли, која ќе го претстави филмот „The Moment“, сатира за музичката индустрија. Се очекува и присуство на актерката Аманда Сајфред, писателката Сири Хуствед, за која е снимен документарен филм, како и холивудската ѕвезда Итан Хок.
Берлинале започнува на 12 февруари и ќе трае до 22 февруари, а претседател на меѓународното жири оваа година е легендарниот режисер Вим Вендерс, автор на култните филмови „Paris, Texas“ и „Небо над Берлин“.
Македонија исто така ќе биде дел од Берлинале
На фестивалот ќе има и македонско присуство – филмот „17“ во режија на Косара Митиќ ќе ја има својата светска премиера во селекцијата „Перспективи“, со што македонската кинематографија ќе се најде рамо до рамо со светската филмска сцена.



