ВИДЕО: Отказ за судијата кој не го призна голот на Роналдо против Србија!

epa09102259 Portugal's Cristiano Ronaldo reacts during the Group A of FIFA World Cup Qatar 2022 qualifier match at Rajko Mitic Stadium in Belgrade, Serbia, 27th March 2021. EPA-EFE/MIGUEL A. LOPES

И натаму се зборува за „фантомскиот гол“ на Кристијано Роналдо во мундијалските квалификации, а цехот го плати помошникот на главниот судија кој не виде дека топката ја помина гол-линијата. Тој доби отказ и според најавите нема да суди на Европското првенство.

Судијата Марио Дикс беше еден од двајцата асистенти на Дани Макели на мечот во Белград помеѓу Србија и Португалија. Тој не виде дека топката ја помина гол-линијата, а главниот судија сега ја прекина соработката со него, пишуваат холандските медиуми.

– Многу сум разочаран што нема да бидам дел од Европското првенство. Макели ми рече на 31 март дека би сакал да продолжи со друг асистент затоа што повеќе не верува во нашата соработка. Очекував друг вид на поддршка, разбирање и верба – рече Дикс.

Информацијата ја потврди и главниот судија Макели, кој не ги спомена причините за заминувањето на сегашниот помошник.

– Вистина е дека Јан де Врис ја презеде позицијата на Марио Дикс во нашиот тим. Тоа е внатрешна работа. Апсолутно го почитуваме Марио, но кога станува збор за интересите на судискиот тим, нема да дадеме изјави за причини за промената – се зборовите на Макели.

Натпреварот Србија-Португалија заврши 2:2, а Роналдо во финишот од мечот од гнев ја фрли капитенската лента и го напушти теренот. Португалскиот селектор Фернандо Сантош подоцна изјави дека Макели се извини за својата грешка по натпреварот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот