Продадена капитенската лента на Роналдо, парите како помош за лекување на малиот Гаврило

epa09102258 Portugal's Cristiano Ronaldo reacts after the Group A of FIFA World Cup Qatar 2022 qualifier match at Rajko Mitic Stadium in Belgrade, Serbia, 27th March 2021. EPA-EFE/MIGUEL A. LOPES

Капитенската лента на португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо, која тој луто ја фрли на теренот на мечот меѓу Србија и Португалија (2:2), беше продадена на добротворна аукција за 64.000 илјади евра, објави српската агенција „Танјуг“.

Во самиот финиш од средбата Роналдо постигна гол во финишот, но не беше признат. Не можеше да поверува и непосредно пред последниот свиреж на главниот судија ја фрли на земја капитенската лента.

Истата по натпреварот ја зеде еден од дежурните пожарникари на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград, а потоа тој ја понуди до хуманитарна организација да помогне во лекување на тешко болното шестмесечно бебе Гаврило Ѓурѓевиќ од Крагуевац, тврди „Танјуг“.

Акцијата беше организирана за малиот Гаврило кој се разболе од тешка невромускулна болест и за чие лекување се потребни 2,5 милиони евра.

Лентата на аукцијата ја купи „Моцарт Бет“. Го повикуваа и Кристијано Роналдо на социјалните мрежи да ја купи сопствената капитенска лента и со тоа да помогне во лекувањето на Гаврило. Но, според извештаите на српските медиуми, Роналдо не одговорил на повикот.

Родителите бараат хумани луѓе од другите градови во Србија да се вклучат во акцијата и да ги земат кутиите за собирање пари. Тие можат да го сторат тоа контактирајќи ја групата „За победа на Гаврило“ на Фејсбук, Твитер и Инстаграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот