Португалците жалат за голот на Роналдо против Србија: Кражба, срамота!

epa09102259 Portugal's Cristiano Ronaldo reacts during the Group A of FIFA World Cup Qatar 2022 qualifier match at Rajko Mitic Stadium in Belgrade, Serbia, 27th March 2021. EPA-EFE/MIGUEL A. LOPES

Еминентните медиуми во Португалија ја оценија како срамна одлуката на судијата од Холандија, Дени Макели да не го признае голот на Кристијано Роналдо во финишот од мечот со Србија.

Дуелот меѓу Србија и Португалија во второто коло од квалификациите за СП заврши без победник (2:2). После мечот, главна тема беше голот на Роналдо во третата минута од судиското надополнување, но не беше признат.

Португалските медиуми ја оценија таквата одлука како срамна. На насловната страница на познатиот спортски весник „А Бола“ пишува:

„Отсуството на ВАР технологија ја спречи победата на националниот тим во Белград“. Под тоа има голем наслов – Срамота.

На првата страница од „Рекорд“ е напишано со големи букви – Кражба. Објаснување е дадено над насловот:

„Кристијано погоди во 93-та минута, но судијата ги затвори очите”.

Познатиот „О Жого“ се осврна и на слабата игра на португалската репрезентација во вториот дел од натпреварот.

„Слабото второ полувреме и поништениот гол на Роналдо во последната минута го одлучија мечот во кој немаше ВАР технологија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот