ВИДЕО | КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2022: Пикси ја прероди Србија, од 0:2 успеа да дојде до бод против европскиот шампион

epa09102127 Serbia?s Strahinja Pavlovic (C) in action against Portugal?s Bruno Fernandes (R) during the FIFA World Cup 2022 qualifying soccer match between Serbia and Portugal in Belgrade, Serbia, 27 March 2021. EPA-EFE/Andrej Cukic

Новиот селектор Драган Стојковиќ Пикси во два натпревари ја прероди репрезентација на Србија и по две кола во квалификациите за СП 2022 има четири бода во дуелите со фаворитите во групата А.
По победата над Ирска, Србија вечерва одигра 2:2 против европскиот шампион Португалија иако по првото полувреме губеше со 0:2.


Диого Жота во првите 15. минути ги шокира Србите, но селекторот Стојковиќ уште еднаш погоди со измените.
Против Ирска, џокер му беше Александар Митровиќ, вечерва тоа беше Немања Радоњиќ кој имаше две асистенции, првата кон Митровиќ, а втората кон Костиќ со чии голови Србија успеа да дојде до пораз.

По поразот од Србија, селекцијата на Ирска во Даблин доживеа уште поголем шок, загуби од Луксембург со 0:1. За најголемото изненадување на денешните натпревари се погрижи Родригес со голот на пет минути пет крајот на натпреварот.
Од голема бламажа се спаси Словачка која по само 20. минути губеше со 0:2 од аутсајдерот Малта. Сепак, на стартот од второто полувреме, Стрелец во 49. и Шкринијар во 53. минута, Словачка дојде до бод.

Дербито на вечерта се играше во Прага каде Чешка и Белгија ремизираа 1:1. Чесите поведоа со голот на Провод во 50. минута, а Белгија до израмнување дојде преку Лукаку десет минути подоцна.

Резултати

Група А
Србија – Португалија 2:2
Ирска – Луксембург 0:1

Група Е
Чешка – Белгија 1:1
Белорусија – Естонија 4:2

Група Г
Норвешка – Турција 0:3
Црна Гора – Гибралтар 4:1
Холандија – Летонија 2:0

Група Х
Русија – Словенија 2:1
Хрватска – Кипар 1:0
Словачка – Малта 2:2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот