ВИДЕО: Oлимпискиот шампион Дејли си плете торбичка за својот златен медал

Фото: EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

За време на телевизискиот пренос на женски синхронизирани скокови во вода, камерата го фати Том Дејли на трибините како плете торбичка за неговиот олимписки златен медал.

Иако ова ги изненади многу гледачи, вреди да се додаде дека британскиот олимпиец веќе беше познат по својата љубов кон плетењето и капчењето.

Пред неколку дена Дејли освои златен медал на Олимпијадата во Токио во дисциплината синхронизирани скокови во вода од 10 метри.

Претходно имаше и бронзени медали во Лондон и Рио де Жанеиро, а очигледно дека скоковите во вода не се неговиот единствен талент.

Покрај тоа што е олимписки шампион, популарен е и на социјалните мрежи, односно има преку 1.000.000 фанови на неговиот канал на Јутјуб каде објавува видео блогови.

Јас сум геј и сум олимписки шампион

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот