ВИДЕО | Обожавателите дури сега забележаа: Во една од епизодите на „Пријатели“ се појавува некој посебен

Profimedia
Фото: Профимедиа

Со „Пријатели“ пораснаа многу генерации, а милиони луѓе во светот ја гледаат повторно и повторно, како да сакаат да ја научат токму секоја сцена од 236-те епизоди, прикажани низ 10 години. Но, изгледа дека сепак успеале да им „избегаат“ некои интересни детали, кои успеваат да ги откријат дури неколку години подоцна.

Во текот на 10-те прикажани сезони многу ѕвезди продефилираа во хит серијата „Пријатели“. Во епизодни улоги тука се појавија, Бред Пит, Рис Витерспун, Дени Девито, Џорџ Клуни, Били Кристал и Робин Вилијамс, Винона Рајдер, Гери Олдман, Сузан Сарандон, Хелен Хант, Џулија Робертс…. но една од епизодните улоги сепак досега не успеала да влезе во „радарот на обожавателите“.

Фото: Профимедиа

Имено во една епизода, поточно во 18-та епизода од 4-та сезона, под називот „Rachel’s New Dress“ се појавува Џон Бенет Пери. Во таа епизода Рејчел има љубовен состанок со Џошуа (Тејт Донован) и таа претпоставува дека таа вечер конечно ќе заврши во креветот.

По излегувањето тие се враќаат во раскошниот дом на неговите родители, уверени дека тие се на одмор. Додека Рејчел ја облекува секси ноќницата, неговите родители се враќаат во домот и ја наоѓаат како седи на софата во нивниот салон.

Сето тоа е можеби и помалку важно кога ќе погледнеме на кого му припаднала улогата на таткото на Џошуа. Станува збор за Џон Бенет Пери, таткото на Метју Пери во вистинскиот живот, кој има долгогодишна телевизиска и филмска кариера. Овој податок ги воодушеви сите кои досега не го забележале тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот