ВИДЕО: Обединетите Арапски Емирати произведуваат сопствен дожд

дожд дубаи
ФОТО: Принтскрин/Јутјуб-Unsplash

Пороен дожд, сличен на монсун кој го потопува автопатот би бил вообичаена глетка во делови на Југоисточна Азија, но во Обединетите Арапски Емирати, во екот на летниот топлотен бран во кој температурите редовно се движат околу 50 степени Целзиусови е вистинско чудо.

Според Националните метеоролошки служби на ОАЕ, се случила операција – „сеење облаци“ со цел да се зголемат врнежите во земјата. Операциите за „сеење облаци“ функционирале преку авиони со екипаж што испуштаат хемикалии како сребрен јодид во облаците со цел да стимулираат зголемени врнежи.

Во обид да се спречи потонувањето на земјата, ОАЕ инвестирале 15 милиони американски долари во девет различни проекти за правење дожд во 2017 година.

Еден систем што треба да биде пробан во ОАЕ, користел беспилотни летала кои „пукаат“ електричен полнеж во облаците. Проектот бил воден од истражувачи од „Универзитетот во Ридинг“ во Англија. Професорот Маартен Амбаум, кој работел на проектот, за „BBC“ во март изјави дека ОАЕ имаат доволно облаци за да создадат услови погодни за дожд. Проектот се обидувал да ги спои капките вода и да се залепат кога ќе добијат електричен пулс, „како сува коса до чешел“.

„Кога капките ќе се спојат и бидат доволно големи, тие ќе паднат како дожд“, изјавил проф. Амбаум. Примена на електрични „удари“ во облаците била најпосакувана бидејќи не бара употреба на хемикалии.

Извор: „The Independent“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот